Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за пеколните 30 дена кои ги очекуваат на крајот на месец јануари и почетокот на февруари. Црвено-црните во краток период ќе одиграат десет натпревари, но крилот на тимот Тимур Дибиров вели дека многу повеќе се радуваат на згуснат распоред, отколку на играње по еден меч во месе дена.
„Мислам дека доволно одморивме. Не чекаат пеколни 30 дена во кои ќе играме десет натпревари. Но, подобро е да имаш повеќе натпревари отколку по еден како што игравме во 2020 година. Сигурно е дека фаќаме ритам. Пресреќни сме што конечно ќе играме во нормален ритам. Ќе биде тешко, очекувам оваа полусезона да биде подобра од претходната и чекор по чекор ќе ја остварите првата цел да ја поминеме групата. Ќе биде тешко, но мораме и знаеме дека ако сакаме нешто да направиме тоа не може да биде лесно“, вели Дибиров.
Вардарци маратонот го почнуваат на 28. јануари во премиерниот меч од новото издание на СЕХА лигата во кој играат против Војводина на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА