Вардар во понеделник ќе го пречека Нексе во вториот натпревар од годинашното издание на СЕХА лигата. Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров вели дека очекува промена на стилот на игра на Нексе, бидејќи токму пред мечот со Вардар го променија тренерот и сега на чело на хрватскиот тим е Бранко Тамше кој го замени Хрвоје Хорват кој е назначен за нов селектор на Хрватска.
„Oчекувам тежок натпревар, бидејќи последен пат не одигравме добро против нив. Мора да видиме до каде сме. Имаат нов тренер, па затоа можеби ќе има промени во стилот на игра, но ние ќе ги дочекаме подготвени. Ќе биде квалитетн меч, во кој ќе мора да го наметнене својот стил. Треба да бидеме уште подобри, среќни сме што се вративме на терените и играме ракомет и затоа со нетрпение го чекаме овој натпревар“.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за понеделник во 20:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА