Еден од најзаслужните за овој голем успех е Тимур Дибиров, искусниот руски репрезентативец кој ја презеде одговорноста во клучните моменти и од двата натпревари. Сепак, самиот Дибиров само го потврди она што е добро познато – дека колективот е најголемиот квалитет на овој тим на Вардар.
„Ние сме екипа, ние имаме 18 капитени. Се најдовме во незавидна ситуација по првото полувреме со Барселона, но направивме голем пресврт. Се погледнавме и си рековме, ако треба ќе изгинеме, но нема да дозволиме да загубиме. И видовте што се случи“ – изјави Тимур Дибиров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА