Македонскиот ракометен шампион стартуваше со конструкцијата на тимот за следната сезона и под водство на старо-новиот сопственик, Михајло Михајловски.
Во клубот дефинитивно останува и левото крило Тимур Дибиров, кој во изјава на социјалните медиуми, нагласи дека останува затоа што премногу ги сака Вардар и Скопје.
„Дефинитивно останувам во Вардар. Го сакам овој клуб, многу го засакав и Скопје и затоа што среќен што и понатаму ќе играм тука“ – изјави Дибиров.
Ракометарот на црвено-црните потврди дека имало интерес од неколку европски клубови за негов ангажман, но на крајот, како и Стоилов и Дисингер, се одлучил за продолжување на договорот со македонскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА