Дибиров се простува од „црвено-црните“: Ова е мојата последна сезона во Вардар!

Тимур Дибиров, ракометарот на Вардар кој речиси цела деценија е дел од „црвено-црните“ откри дека ја игра последната сезона во дресот на тимот од Скопје. Русинот ова го изјави за ракометниот портал „Само ракомет“.

Дибиров беше дел од тимот во двата наврати кога Вардар стигна до европската титула, најпрвин во 2017 година, а потоа и во 2019 година. Тој истакна дека за неговата тешка одлука постојат повеќе причини, но не сака да зборува за тоа.

„Не знам дали е вистински момент или не, но сакам да објавам кај вас дека ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мој последен во Лигата на шампионите за Вардар. Би сакал да одиме во Битола, да победиме и на тој начин да се збогувам со овој дрес“, потенцираше Дибиров во интервјуто за „Само Ракомет“.

 

 

Се вчитува...