Дибиров: Средени се проблемите во Вардар, сега се е во наши раце

Ракометниот шампион на Македонија Вардар во 12. коло од Лигата на шампионите на домашен терен ќе го пречека хрватскиот ППД Загреб. Мечот кој директно ќе одлучува за една од позициите кои водат во нокаут фазата од елитното натпреварување ќе се одигра во среда во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров пресрет натпреварот вели дека проблемите во клубот се средени и дека сега се е во нивни раце околу пласманот во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

„Мислам дека ние сме многу среќни да играме дома во овој дел од сезоната. Очекуваме поддршка од трибините на овој многу важен натпревар. Во добра серија сме, играме подобро од претходно. Имаме тежок распоред со многу патувања. Сепак, очекувам концентрација, да се држиме до планот и добро се подготвивме. Сметам дека ќе биде сè добро. Загреб е екипа која има голем респект од нас. Тие ги победија ПИК Сегед, се знаеме и свесни сме колку ни се важни двата бода. Не зависи ништо од претходните натпревари, ќе има доста нервоза и борба, ама ако сакаме да одиме понатаму мора да победиме директен конкурент. Слично сметаат и во Загреб со сигурност за нас. И тие се во добра форма, ама се надевам дека ќе дојдеме до поволен резултат. Очекувањата дома се само на победа. Знаеме дека ќе биде тешко, но за нас важно е да победиме. Ќе дадеме се од себе за тоа. Не е доволна само работата на тренерот како на Раул во ПСЖ, ним им недостасува нешто друго. Вујовиќ е човек кој направи многу за спортот, работата е многу тешка. Ние добро тргнавме со него, а потоа бевме во криза. Тоа не е вина само на Вујовиќ, туку на сите. Сега ги средивме проблемите и ситуацијата е подобра. Сè е во наши раце, ако не е добро како што сме планирале, вината е на сите, а не на поединци. Ние можеме без секој, Вардар е голем клуб и мора да функционира без било кој. Во ова време може да ни отежнат болести и повреди, но сметам дека можеме да се кренеме и на ниво повеќе“, изјави Дибиров.

Натпреварот кој е закажан за во среда во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје е со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...