Дибиров: Вардар има јасна цел, секоја година одиме по титулата во СЕХА

ЕКИПА во Брест,

Томас Ѓоргиевски

Тимур Дибиров е оптимист дека Вардар по двете загубени финалиња во СЕХА, овојпат во Белорусија ќе успее да дојде до нов трофеј во регионалното натпреварување, но рускиот интернационалец е свесен дека треба да се оди чекор по чекор, почнувајќи од утрешниот полуфинален дуел со Загреб.

„Знаеме колку е силен тимот на Загреб, но ние ќе сториме се за да ја продолжиме традицијата и да играме во уште едно СЕХА-финале. Вардар има јасна цел, ние секогаш сакаме да ја освоиме СЕХА-лигата, во последните две години тоа беше многу тешко, но ќе сториме се за сезонава да стигнеме до трофејот. Загубивме од нив во ЛШ, јасно е дека овој тим не ни одговара премногу како стил на игра, но мислам дека најверојатно и ние не им одговараме на нив. Нашите дуели секогаш се тешки и неизвесни, сезонава резултатот е 2-2, ќе видиме како ќе биде утре“ – изјави Дибиров веднаш по пристигнувањето во Брест.

Се вчитува...