Европската ракометна федерација на денешната церемонија која се одржува во Виена ги додели признанијата за сезоната 2022/23 во Лигата на Шампионите.
Наградата за најдобар ракометар му припадна на дански ракометар и член на ГОГ Гудме, Симон Питлик, додека МВП признанието во женксата категорија заврши во рацете на Катрин Лунде.
👑 We honor the MVP Men, the king of the court!
𝗦𝗜𝗠𝗢𝗡 𝗣𝗬𝗧𝗟𝗜𝗖𝗞 🔝✨#EHFExcellenceAwards pic.twitter.com/uylVVHnqGe
— European Handball Federation (@EHF_Activities) June 26, 2023
А, во идеалниот тим на сезоната имаше место и поранешниот ракометар на Вардар, легендата Тимур Дибиров кој се најде покрај голмананот Никлас Ландин (Кил), левиот бек Симон Питлик (ГОГ Гудме), средниот бек Лук Стајнс (ПСЖ), десниот бек Матијас Гидсел (Фуксе Берлин), десното крило Ханс Линдберг (Фуксе Берлин), кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас (Барселона) и дефанзивецот Тиагус Петрус (Барселона).
Ladies and gentlemen, here is the men’s 𝙏𝙚𝙖𝙢 𝙤𝙛 𝙩𝙝𝙚 𝙎𝙚𝙖𝙨𝙤𝙣 2022/23 👌🌟#EHFExcellenceAwards pic.twitter.com/tQwYu4cGuy
— European Handball Federation (@EHF_Activities) June 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА