Рускиот ракометен интернационалец Тимур Дибиров во интервју за специјализираниот портал за ракомет „Балкан хендбол“ говореше за моменталната ситуација во која се наоѓа актуелниот европски шампион.
„Ако постоеше шанса се да се спаси, тоа беше да ја освоиме Лигата на шампионите. Тоа го направивме. Кога ја освовме луѓето рекоа Вардар ќе опстане. Не зборувам тука за луѓето од клубот туку за моќните во државата. Рекоа дека имаме поддршка и никогаш нема да не остават. Останавме, делуваше дека се ќе биде решено. Знам дека има луѓе на кои не им е сеедно. Има многу навивачи кои го сакаат Вардар, кои од срце навиваат на секој натпревар. Но, нородот не може да ја промени ситуацијата. Можам да разберам дека имавме циклус од две титули во три години и дека е време да се смали буџетот. Нека биде и половичен тоа е океј и можам да го сфатам. Не можам да сфатам се да спуштат на нула. Тоа е чудно. Знаеја во какви проблеми е клубот. Рекоа ќе помогнат, но на крајот ништо не направија. Сега е Сергеј во ситуација да ги покрива долговите за тоа што другите го ветија. Ако зборуваат дека Самсоненко сакал да го затвори клубот минатото лето, тој не го затвори само од една причина, затоа што му беше ветена помош. Тој на сите им кажа „момци мене ми е тешко, не можам да го финансирам клубот. По Келн луѓето од државата рекоа дека пристигнува помош“, вели Дибиров.
Дибиров вели дека и Самсоненко има тешка задача бидејќи треба да исполни “туѓи” ветувања.
„Човекот ситуацијата ни ја претстави баш како што велам. Седум години Самсоненко вложуваше во Вардар и направи најмногу што можеше. Дојде момент во мај минатата година кога ни кажа „момци јас не можам веќе да вложувам, ќе ве исплатам сите по договорот, но понатаму не можам да продолжам“. Со тој договор одиграмо како што одигравме против Сегед. Тргнавме да бараме нови клубови, бидејќи човекот дојде и се ни кажа поштено. Можевме да му кажеме „благодарам“ за се што за 50, 100 ракометари, тренери, луѓето кои поминаа низ Вардар сите овие години. По Келн кажано ни беше дека на Самсоненко ќе му биде помогнато да го одржи тимот на нивото на кои е. Тој рече „добро останувам, ако давате поддршк, сакаме и трета титула во Лигата на шампионите“. На тој начин сите останавме во клубот да почекаме стабилизација и момците кои требаше да дојдат на стартот на новата сезона. Човекот кој сакаше да го напушти клубот сега мораше да ги земе на себе туѓите ветувања. Тој ја немаше таа сума на пари и сега ја нема. За да не спаси, бидејќи заеше дека имаме фамилии и кариера, а има голема почит према нас поради се што направивме на последниот состанок ни кажа „знам што ми рекоа, тие ветија, но јас имам голема почит и ќе ги покријам сите трошоци. Не знам кога, но ќе се обидам до крајот на сезоната. Не можам да верувам бидејќи луѓето цело време ми говорат, ќе дадеме, ќе дадеме, но нема ништо. Како да носам туѓи ветувања“, дополни Дибиров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА