Вардар по петти пат е на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта, откако со доминантна игра го декласира Митјиланд (32-25) и на денешниот меч во Скопје. Тоа беше последен меч за „црвено-црните“ девојки на домашен терен, па и емоциите не можеа да се задржат.
„Беше емотивно, но успеавме да ја надвладееме ситуацијата и да одиграме квалитетен натпревар. Остваривме заслужена победа, а сега ќе се насочиме и на последните два натпревари, кои ќе решаваат за титулата, на Ф4 турнирот во Будимпешта“, изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА