Ирина Дибирова со победа го одбележа своето тренерско деби на клупата на Вардар и изрази задоволство од исходот на овој последен натпревар во главната фаза во Лигата на шампионите кој го врати вардар на лидерската позција во групата.
„Им благодарam на играчите. Сите денеска одиграа супер, агресивно во одбраната сигурно во нападот онака како што трениравме. Им благодарам и на моите асистенти Едуард Кокшаров и Аце Станковски. За следниот меч ќе имаме многу повеќе време, не како сега три дена и се надевам ќе одиграме уште подобро и поагресивно“ – рече Ирина Дибирова на прес-конференцијата по триумфот над Турингер.
Јованка Радичевиќ со девет гола беше лидер на Вардар во победата протв Турингер. Десното крило на вардарки изрази задоволство што Вардар успеа да се врати во победнички ритам по резултатската криза што ја имаше во претходните две кола.
„Драго ми е што се вративме на победнички пат по онаа срамна игра во Мец. Тешко ни падна тој пораз, но можеби и добро што се случи тоа за да не летаме премногу и да бидеме приземни и подобро подготвени за она што не чека во четвртфиналето. Туирингер покажа дека е квалитена екипа. Задоволна сум од овој меч. Но вистинската работа и предизвик допрва ни претстои затоа што сакаме сезонава да одиме чекор понапред во завршницата на Лигата на шампионитте. Не е важно кој ќе ни биде противник во четвртфиналето, туку како ние ќе влеземе во тој дуел. Желба ми е со Вардар конечно да играме во тоа финале и да ја освоиме Лигата на шампионите“ – истакна Јованка Радичевиќ.
Вардар утре дефинитивно ќе знае кој ќе му биде противник во следната четвртфинална рунда, дали данскиот Митјиленд или актуелниот европски шампион ЧСМ Букурешт. Првиот четвртфинален натпревар (6/9 април) вардарки ќе го играат во гости, а реваншот ќе се игра во Скопје (14/16 април).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА