Дика: Пријатно сум изненаден кога го гледам Пандев како игра на 37 години

На стартот од квалификациите за СП 2022 веќе во четврток Македонија и гостува на Романија во Букурешт.

Поради позитивен тест на Ковид-19 на селекторот на Романците, дуелот против Македонија ќе го води неговиот асистент Николае Дика, кој анализирајќи ја престојната пресметка вели дека за нив најголема закана ќе биде капитенот Горан Пандев.

„Македонија е селекција еден вид спој на искусни и млади професионалци кои играат во силни европски шампионати. Ќе биде тежок натпревар против тим кој е предводен од Горан Пандев. Поминаа многу години откако го запознав, но навистина сум пријатно изненаден кога го гледам и сега како на 37 години игра на многу високо нив. Тој ќе биде и најголемата опасност за нашиот тим. Ќе се обидеме овие денови нашите репрезентативци да разберат дека играат еден многу важен меч, ова е прв натпревар во квалификациите и резултатски многу ни е важен“ – вели Дика.

Македонија и Романија на стартот од квалификациите за СП 2022 во Катар играат на 25. март на Националната арена во Букурешт. Потоа за Македонија следи мечот на домашен терен против Лихтенштајн (28. март) и гостувањето во Дуисбург против Германија на 31. март.

Се вчитува...