Легендарниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, би можел да се врати во клубот и тоа на значајна функција. Според последните најави од Островот, сопственикот на англискиот првак Челси, Роман Аврамович, размислува да го постави Дрогба на позицијата спортски директор, односно одговорен за сите трансфери во клубот. Заедно со него би работел и Леонид Слутски, кој е добар пријател на Абрамович.
Челси остана без спортски директор, со оглед дека клубот се раздели со Мајкл Еменало, кој долг период беше задолжен за спортските операции во клубот. Над него во хиерархијата беше единствено Марина Грановскаја, која е задолжена за финанскиот аспект на клубот од „Стемфорд бриџ“.
Претходно, како можен кандидат за спортски директор на Челси се споменуваше и Џанфранко Ѕола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА