Диего Форлан објави крај на фудбалската кариера

Уругвајскиот напаѓач Диего Форлан на 40-годишна возраст објави дека ја завршува активната фудбалска кариера. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Интер, Атлетико Мадрид, Вилјареал, Интернасионал, последен пат настапуваше за тимот Кичи во Хонг Конг, а претходно играше и во Индија, за Мумбаи.

„После 21 година донесов одлука да ставам крај на професионалната фудбалска кариера. Затворам една прекрасна животна страница исполнета со емоции и убави моменти, но отворен сум за новите предизвици. Благодарност до сите кои на некаков начин ме придружуваа во мојата авантура“, истакна Диего Форлан.

Се вчитува...