Уругвајскиот интернационалец Диего Годин нема да биде во составот на Атлетико Мадрид во наредните две седмици. Тој заработи повреда на бутниот мускул на десната нога на полуфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против Барселона. „Јорганџиите“ беа елиминирани од каталонскиот тим, а проблемот е уште поголем ако се знае дека сега тренерот Диего Симеоне ќе мора да „крпи“ тим без Диего Годин, но и без Нико Гаитан, кој исто така се жали на повреда.
Првичните проценки се дека Годин би можел да се врати на терените за две седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА