Диего Годин замина во пензија

Легендарниот уругвајски стопер Диего Годин на 37-годишна возраст стави крај на активното играње фудбал по 20 години поминати во сениорските тимови.

Богатата кариера Годин ја започна во уругвајскиот Черо, а настапуваше и за Насионал и Вилјареал пред да се пресели во Атлетико Мадрид каде го доживеа зенитот. На „Ванда Метрополитано“ настапуваше девет години во кои се радуваше на трофеите во Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија, по два пати на Лига Европа и УЕФА Суперкупот, а два пати беше дел и од финалето во Лигата на Шампионите.

По Атлетико Мадрид заигра и за Интер, Сампдорија и Атлетико Минеиро, а во сезоната 2022/23 го носеше дресот на Велез.

„Сакав да донесам одлука на овој начин, бидејќи сум здрав, можеби изгледа изненадувачки, но размислував за тоа некое време. Сега имам други приоритети. Моето семејство е во Уругвај, а јас неодамна станав татко, сакам да се одморам и да уживам во други работи, а сакав да заминам со добар имиџ од теренот“, изјави 37-годишникот.

Се вчитува...