Диего Коста добива клаузула од 200 милиони евра во Атлетико Мадрид

Бразилецот со шпански пасош Диего Коста ги договори сите детали за преминот од Челси во Атлетико Мадрид кој официјално ќе биде реализиран во зимскиот преоден рок. Познато е дека тој доби СМС – порака од Антонио Конте со содржина дека веќе не му е потребен во Челси, и цело лето не тренираше со англискиот првак. Откако ги мина медицинските прегледи во Атлетико Мадрид, тој се согласи на четиригодишен договор до 2021 година, а неговата отштетна клаузула ќе изнесува 200 милиони евра.

Атлетико Мадрид реши да го задржи тренерот Диего Симеоне, а тој побара да останат столбовите на тимот и истиот дополнително да се засили за „јорганџиите“ да можат да бидат конкурентни на трите фронта. Саул и Коке потпишаа нови договори, истото треба да го сторат и голманот Јан Облак и Јаник Караско, а единствениот што најверојатно ќе замине е Антоан Гризман. Но, токму затоа е ангажиран Диего Коста, за да ја пополни празнината во навалната линија.

 

Се вчитува...