Милан се откажува од Диего Коста. Италијанскиот клуб не сака да ги исполни барањата на неговиот агент, Жорге Мендес кој инсистира на неделна плата од 230.000 евра. Иако „Росонерите“ се подготвени да исплaтат 50 милиони евра на Челси, португалскиот супер-агент смета дека Коста не заслужува ништо помалку од 10 милиони евра по сезона, со оглед на богатите понуди кои ги добиваше од Кина.
Голгетерот летово мора да најде нов клуб, јасно е дека нема да биде во плановите на Конте, иако оваа му е најдобрата сезона откако го носи дресот на Челси. Познато е дека Коста сака да се врати во Атлетико, но таму нема да може да игра до јануари, па смета дека тој потел може да му го загрози местото во репрезентацијата во година на Мундијалот.
Челси веќе има нов напаѓач. Трансферот на Лукаку е во завршна фаза, вреден речиси 100 милиони евра. За Коста единствена опција останува Кина, но кинеските милијардери засега мируваат.
Милан пак ќе мора повторно да се обиде со Белоти, бидејќи ја изгуби битката за Мората, кој се сели во Манчестер јунајтед, а се шпекулира дека се подготвени да понудат висока сума за 21-годишниот напаѓач на Порто, Андре Силва, како и за Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА