Диего Коста го напушта Атлетико Мадрид, следна дестинација Серија А

Шпанскиот репрезентативец Диего Коста е цел на вицешампионот на Италија, Наполи, пренесуваат медиумите од Апенините. Контроверзниот напаѓач ќе биде ангажиран од тимот од Неапол, како алтернатива за полскиот репрезентативец Аркадиуш Милик.

Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Гинтоли веќе размислува да почне преговори со Атлетико Мадрид, бидејќи Коста е подготвен да премине во клубот од „Сан Паоло“. Шпанскиот репрезентативец во тимот од југот на Италија ќе стигне како позајмен фудбалер, со право на откуп на договорот на крајот на сезоната.

Иако, Диего Симеоне не се сложува со раководните лица на клуот од „Ванда Метрополитано“, на крајот ќе мора да се откаже од Коста, кој очигледно поради неговиот лош менталитет, самиот е крив што ќе се најде на трансфер листата.

Се вчитува...