Контроверзниот напаѓач Диего Коста се врати во Лондон, но по се изгледа дека е непожелен на „Стемфорд бриџ“. Тој би можел да замине во турскиот првак Бешикташ на позајмица во наредните шест месеци, а потоа да го реализира трансферот во Атлетико Мадрид.
Бразилецот со шпански пасош по долго натегање со клубот се врати во Лондон, но кога се обиде да пристигне на тренинг со првиот тим, по наредба на Антонио Конте и раководството, неговиот автомобил е преместен во делот наменет за фудбалерите на резервниот тим. Тоа јасно става до знаење дека Италијанецот не го сака Диего Коста на тренинг со првиот состав, за да не ја нарушува атмосферата во екипата.
Диего Коста е цврсто решен да си замине, па можно е целата ситуација да биде разрешена до утре, кога истекува преодниот рок во Турција. Бешикташ е силно заинтересиран да го доведе напаѓачот на шестмесечна позајмица, а потоа тој би се преселил во редовите на Атлетико Мадрид, клуб кој не можеше да го доведе ова лето поради забраната за трансфери од ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА