Атлетико Мадрид ќе мора во следните два месеци да се снаоѓа без помошта на Диего Коста, откако беше донесена одлука напаѓачот да мора да замине на операција за да ги реши проблемите со болката во стапалото што го мачеше веќе подолго време. Откако претходните обиди за третман без хируршки зафат не вродија со плод, лекарскиот тим реши Коста сепак да биде опериран.
Шпанскиот прволигаш на својата официјална веб-страница објави дека зафатот беше извршен во Бразил, под надзор на лекар на Атлетико. Првичните прогнози се дека паузата ќе изнесува два месеци, што значи дека Коста ќе се врати на терените во месец февруари.
Диего Коста сезонава игра во многу слаба форма, на 12 натпревари во Примера дивизион постигнувајќи само еден единствен погодок. Во негово отсуство се очекува поголема минутажа да добие Никола Калиниќ, кој досега не ги оправда очекувањата по летниот трансфер од Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА