Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, ќе се паузира три седмици поради повредата која ја заработи на мечот против Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Тој се пожали на повреда на левиот бутен мускул и ќе го пропушти неделниот натпревар против Бетис, како и мечевите на Шпанија против Велс и против Англија.
Се очекува Диего Коста да биде подготвен за мечот против Вилјареал од Ла Лига кој ќе се игра за три седмици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА