Диего Коста под истрага за перење пари, затајување и коцка

Поранешниот шпански репрезентативец и екс-фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Коста се наоѓа под обемна истрага на федералната полиција на Сергипе, неговата матична држава, во „операцијата дистракција“ во која се истражува наводната пракса за експлоатација на коцкањето, перење пари, затајување на девизи и криминална организација.

Во истрагата вклучена е и спортската обложувачница „Еспортенет“, а под истрага се сопствениците на истата, финансиските оператори и финансиери, па Коста е ставен во мрежата како еден од наводните финансиери. Истрагата е проширена и на други сојузни држави во Бразил, а шестиот сојузен суд во Итабиана издал седум налози за претрес и заплена.

Според федералната истрага започната на 3 март годинава, во првата фаза од операцијата, биле запленети документи и електронска опрема со која потоа се продлабочила истрагата и биле „фатени“ 13 милиони долари во кеш.

Сега се истражува сумата на пари кој е изнесен во други држави, а во Бразил се третира како затајување на девизи.

Се вчитува...