Бразилецот со шпански пасош Диего Коста е пред трансфер во шампионот на Копа Либертадорес, тимот на Фламенго. Напаѓачот се опорави од операцијата на грбот која го оддалечи три месеци од терените, а во зимскиот преоден рок најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид и за сума од 30 милиони евра ќе се врати во родната земја.
Фламенго имаше одлична сезона, освои две титули, во Копа Либертадорес и во првенството на Бразил, а раководството се обидува да го засили тимот со уште некој квалитетен фудбалер. 31-годишниот Диего Коста треба да биде замена за Габигол, напаѓачот Габриел Барбоса, кој на крајот од декември треба да се врати во Интер, од каде пристигна како позајмен играч.
За Диего Коста има интерес и од клубови од Кина и од Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА