Диего Коста вчера и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Вулверхемптон, а неговото претставување беше, веројатно, најдобро ова лето. Шпанскиот напаѓач држеше волци врзани за синџир, се разбира, како асоцијација за името и заштитниот знак на тимот.
Сепак, екс-репрезентативецот на Шпанија се отвори пред јавноста и призна дека искуството не било баш пријатно. Тој потенцираше дека тоа биле волци, а не кучиња и дека бил многу уплашен.
„Имам и јас свои стравови, морам да кажам дека сега бев преплашен до смрт. Го држев синџирот и постојано мислев: Што ако волциве ми скокнат? Бидејќи, жената која ги дресирала постојано им зборуваше, им икаше да се помрднат малку, а тие не правеа ништо. Си реков овие штом не го слушаат својот тренер, ако ми дојдат … Кога дојдоа и ме душкаа по ногата си реков готов сум. Да знаете, тоа беа волци, не кучиња. Јас дома имам пет кучиња, но не се волци. ова беше кул искуство, но беше малку непријатно“, потенцираше Коста.
Коста пристигна како слободен фудбалер, бидејќи нема клуб од јануари, кога му заврши полусезонскиот договор со Атлетико Минеиро. Претходно, беше дел од Атлетико Мадрид до август 2021. Сега беше изнудено решение за Бруно Лаж, тренерот на Волвс, откако се повреди Саша Калајџиќ, напаѓачот кој дојде од Штутгард ова лето, за 18 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

