Голгетерот на Челси, Диего Коста, во едно интервју открива дека пред почетокот на сезоната имал вербален судир со новиот менаџер на „сините“, Антонио Конте. Бразилецот со шпански пасош непријатно ги изненадите фановите откако изразил желба да се врати во Атлетико, поточно ја форсирал преселбата назад во Мадрид, но го одбрал погрешниот начин за да го стори тоа.
Имено, уште на првиот тимски состанок кога фудбалерите се запознавале со новиот менаџер, Коста му посочил на Конте дека сака да се врати во Атлетико Мадрид, кој во тоа време беше во потрага по напаѓач.
„Релацијата со Конте на почетокот воопшто не беше добра. Откако му кажав дека сакам да заминам, тој многу се налути, дури не ме ни погледнуваше. Да бев на негово место и ја би го направил истото. Атлетико бараше напаѓач, испратија понуди на неколку фудбалери, вклучувајќи ме и мене, но тие не ме чекаа, се договорија со Гамеиро, а јас со собрана опашка отидов да му се извинам на Конте. Направив се’ што можев да се вратам во Мадрид, но не сакав со таков начин на борба да заминам. Сега се чувствувам одлично, редовно ги тресам мрежите, благодарение на тимот. На пат сме да ја освоиме Премиер – лигата и се радувам што следната сезона повторно ќе играме во Лигата на Шампиони. Но, за иднината никогаш не се знае. Се’ може да се случи, затоа не затворам ниту една врата“ – изјави контроверзниот Диего Коста.
Тој сезонава постигна 18 гола во сите натпреварувања и е во конкуренција за освојување на златната копачка во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА