Диего Коста се пожали на „Докторка Маријана“, па веднаш доби одговор од Белград

Докторката Маријана Ковачевиќ од Белград се прослави успевајќи да излечи бројни фудбалски „ѕвезди“ од незгодни повреди, овозможувајќи им враќање на терените за рекордно време. Врвни фудбалери од Топ 5 лигите во Европа не ја кријат благодарноста за соработката со оваа докторка, која користи третмани со коњска плацента. Диего Коста сепак не е воодушевен од она што се случувало за време на третманите, изразувајќи каење што воопшто отишол во Белград за да се сретне со Маријана.

Тој побарла помош од Ковачевиќ пред финалето од ЛШ во 2014 година против Реал Мадрид, на кое се најде во стартниот тим, но мораше да биде заменет веќе во 9. минута.

„Се каам што се нафатив на неиспитан метод на лечење и отидов кај таа докторка. Слушнав различни муабети на оваа тема, но сега знам и дека многу се лажело. Точно е дека одев на терапии, а додека бев на електрошокови докторката пред мене испиши две цигари. Имав два третмани од по два часа, претходно многу ме болеше мускулот, а потоа не чувствував никаква болка. Сепак, при самото излегување на терен почувствував силен грч. Се обидов да играм, но не можев и морав веднаш да бидам заменет. Подобро ќе беше воопшто да не одев во Белград бидејќи тогаш некој соиграч кој беше здрав ќе добиеше шанса“, истакна Коста.

Не се чекаше многу на одговор од Маријана, која преку српските медиуми ја објасни ситуацијата со шпанскиот репрезентативец.

„Нема да се обвинувам со некој кој бара причина за својата кариера која не е онаква каква што сакал да биде. Нека пишува и зборува што сака, но јас сигурно не сум виновна што тој од 2014 навака не игра добро. Диего Коста кај мене не дојде поради повреда, туку за да го регенерира мускулот на задната ложа. Цел му беше за да биде подготвен да игра на СП и го одигра целиот Мундијал, а после регенерацијата никогаш повеќе ја немаше таа иста повреда“, му одговори Маријана Ковачевиќ на проблематичниот голгетер.

 

Се вчитува...