Напаѓачот на Челси, Диего Коста не отпатува со својата екипа за утрешната пресметка против актуелниот шампион Лестер, поради расправија со менаџерот Антонио Конте. Имено, Коста е убеден дека си има проблеми со грбот, додека пак медицинскиот тим на „сините“ не е верува во такво нешто и тоа наишло на поддршка од Конте.
Поради несогласување, дошло до расправија помеѓу играчот и тренерот на тимот од Лондон, затоа што Диего Коста се сомневал во работата на лекарите од „Стемфорд бриџ“. После ваквиот настан, напаѓачот не се најде во тимот за гостувањето кај Лестер, кој и покрај лошите резултати оваа сезона е незгоден тим.
Медиумите од Англија веднаш почнаа да шпекулираат за заминување на Диего Коста поради ваквата ситуација, а и самиот играч има неколку понуди од Кина и лесно би можело да се случи „сините“ да останат без најдобриот играч во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА