Диего Коста во текот на денешниот ден ќе отпатува за Англија, каде по задолжителните лекарски прегледи ќе потпише договор со екипата на Вулверхемптон.
„Волците“ немаат среќа со напаѓачите, Раул Хименез го пропушти поголемиот дел од ланската сезона, а големото летно засилување Саша Калајџиќ имаше кошмарно деби, кинејќи ги лигаментите во коленото. Ова значи дека репрезентативецот на Австрија ќе пропушти најмалку шест месеци, поради што „волците“ се принудени да доведат нов голгетер, а немаат преголем избор бидејќи по истекот на преодниот рок можат да бидат ангажирани само фудбалери кои моментно се без клуб.
Изборот на крајот падна врз Диего Коста, кој е без клуб по раскинот на договорот со Атлетико Минеиро. Екс-голгетерот на Челси и на Атлетико Мадрид беше поврзуван со трансфер во Рајо Валјекано, но на крајот не се договори со мадридскиот клуб, па сега кариерата ќе ја продолжи во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

