Палермо загуби од Рома синоќа со 0-3 пред своите гледачи, а на Илија Несторовски му беше поништен еден погодок постигнат од ’мртов агол’ поради претходна офсајд позиција. Сепак, гостите од Рим демонстрираа несомнен квалитет и заслужено ги освоија бодовите, а тренерот на Палермо, Диего Лопез, смета дека неговиот тим ќе мора бодовите за опстанок да ги бара против условно ’помалите тимови’.
„Рома го доби мечот на ’сув квалитет’. Париравме добро во одредени моменти од мечот, добра одлука беше и внесувањето во игра на Дијаманти, кој внесе свежина, меѓутоа треба некој многу повеќе да му помогне на Илија Несторовски во нападот. Сакавме да играме отворено, но Рома е премногу силен тим, и играте колку што ќе ви дозволат. Поразот треба брзо да го заборавиме и да се насочиме кон следните мечеви. Не очекуваат неколку дуели со тимови од долниот дел на табелата, каде и треба да ја бараме шансата за да освоиме бодови кои можат да не приближат до опстанокот во Серија А“, изјави тренерот на Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА