„Диего ми се јави и ми кажа: Време е… Одам кај мама и тато“

Светот се уште не може да се соземе од шокот и прераната смрт на Диего Армандо Марадона. Во разговор за италијанските медиуми неговиот близок пријател, Стефано Чечи откри што му порачал Диего во нивниот последен разговор.

„„Ми кажа: Танито уморен сум. Одам кај мама и тато“ Можам да ви потврдам дека Диего се откажа. Му беше доста од животот, уморен беше. Беше во депресија, а карантинот и сите рестрикции поради пандемијата му го зададоа финалниот удар“, изјави Чечи. 

Диего Армандо Марадона почина на 25. ноември откако доживеа срцев удар.

Се вчитува...