Диего Симеоне доби одлична вест пред дуелот со Барса во ЛШ

Првиот голман на Атлетико Мадрид и капитен на овој тим, Јан Облак се врати целосно на тренинзите на својот тим, и може да биде во комбинација за првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на шампионите против Барселона на „Ноу Камп“.

Облак последен пат беше на теренот на 10 март во победата од 5-2 над Тотенхем, и од тогаш голот го чува Мусо. Се очекува неговото враќање да биде од голема корист за Атлетико, бидејќи во негово отсуство тимот прими осум гола на четири меча во сите натпреварувања.

Хозе Марија Хименез е под знак прашалник за натпреварот, откако доживеа повреда во саботата во поразот од 2-1 од Барселона во шпанското првенство. Шпанските медиуми очекуваат Хименез да не го започне претстојниот натпревар на „Камп Ноу“, а во негово отсуство Диего Симеоне ќе се потпре на Робин Ле Норманд и Давид Ханцко како стартер во дефанзивниот тандем.

Се вчитува...