Во петтото коло од Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид оствари многу важна победа совладувајќи го Интер со 2-1, со голoт на Хименез во третата минута од судиското продолжение.
Во своите изјави за медиумите по мечот, Симеоне одговараше во свој стил, секако не криејќи ја радоста од победата.
„Не знам како сте толку смирени, јас не можам да бидам таков“, им рече Симеоне на новинарите и продолжи:
„Љубовта и верата се најважните работи во спортот и бизнисот. Имам играчи кои ме следат, а тоа е клучно за секој тренер. Внимавајте, имав играчи на клупата кои сакаа да го започнат натпреварот, но реков не, почекајте ја вашата шанса и така беше.“
А потоа Симеоне го коментираше тимот на Интер, повторно во свој стил.
„Игравме против многу силен тим, моментално најсилниот во Лигата на шампионите. Знаевме дека имаме репертоар во второто полувреме за да застанеме и да го добиеме најдобриот тим во Лигата на шампионите“, рече Симеоне, изненадувајќи ги сите со таквата констатација.
Очигледно е дека Диего Симеоне, овој пат, беше видно расположен пред медиумите по победничката вечер во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

