Диего Симеоне ќе ја спасува кариерата на Дарвин Нуњез?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез би можел да се пресели во Шпанија, и да игра во Атлетико Мадрид. Диего Симеоне има желба да го ангажира Уругваецот, во случај Антоан Гризман да си замине, откако се појавија шпекулации дека ќе оди во САД.

Шпанците ја разгледуваат можноста за позајмица, со право на откуп за цена од 35 до 40 милиони евра. Проблем може да биде интересот од Саудиска Арабија и добивање на подобра понуда.

Нуњез е под тежок удар во Ливерпул, поради многуте промашувања. Тој беше еден од „виновниците“ и за елиминацијата на Ливерпул од ЛШ, откако најпрво промаши добра шанса, а потоа не реализираше пенал во пенал серијата. Многумина ја гледаат оваа можност како спас на кариерата за Уругваецот.

Се вчитува...