Атлетико Мадрид веќе почна преговори за ангажман на нов дефанзивец по вкус на Диего Симеоне, кој летово дополнително би ја засилил одбранбената линија на мадридскиот клуб.
Станува збор за Кристијан Ромеро, аргентинскиот дефанзивец кој настапува за Тотенхем, играч кој е препознатлив по грубиот стил на игра поради што многу често добива картони. Таквиот профил на играч му се допаѓа на Симеоне, кој сака да ја зголеми цврстината на својата одбрана и верува дека Ромеро би донел дополнителен квалитет во дефанзивата на Атлетико.
Ромеро не е задоволен од слабите настапи на Тотенхем сезонава и веќе најавил дека е подготвен за трансфер ако тимот не обезбеди место во ЛШ следната сезона. Настап во елитното европско натпреварување е нешто на што Аргентинецот ќе инсистира при потрагата по нов клуб во текот на летово, а Симеоне веќе стапил во контакт со него, претставувајќи му ја својата визија за местото што Ромеро би го имал во неговиот тим.
Тој летово ќе има уште една година од актуелниот договор со Тотенхем, поради што се очекува и неговата цена да падне на 30 милиони фунти, нешто што мадридскиот клуб ќе може без проблем да си го дозволи за да ја исполни желбата на својот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА