Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за 20-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мејно, пишуваат дел од англиските медиуми.
Според изданието, покрај шпанскиот тим, англискиот репрезентативец е следен и од Реал Мадрид , како и од Наполи, кои веќе се обидоа да го потпишат на позајмица минатото лето.
Оваа сезона, играчот од средниот ред има пет настапи во сите натпреварувања, при што има и една асистенција. Тековниот договор на Мејно на „Олд Трафорд“ е до летото 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

