Дигањето тегови се популаризира во Македонија: Претседателката Ирена Митровска на средба во МОК со првиот човек на Балканската федерација за дигање тегови (ФОТО)

Претседателката на Македонската федерација за дигање тегови, Ирена Митровска заедно со генералниот секретар Бобан Ѓороски беше домаќин во Скопје на значајна средба со претседателот на Балканската федерација за дигање тегови кој е и актуелен претседател на Федерацијата за дигање тегови на Албанија, Елез Гјоза како и со претседателот на Федерацијата за дигање тегови на Косово, Астрит Хасани.

Средбата се реализираше во просториите на Македонскиот олимписки комитет на која присуствуваше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димески.

Оваа средба е реализација на договорот кој беше направен во Драч, Албанија, минатиот месец каде беше реобновена Балканската федерација за дигање тегови и за член на истата беше избрана г-ѓа Ирена Митровска.

„Како помош на македонскиот спорт и конкретно за промоција на дигањето тегови во нашата земја денес добивме донација од две платформи и еден сет за вејтлифтинг од марката Елеико за Македонската федерација за дигање тегови и во блиска иднина договоривме стручна помош за едукација на спортисти, тренери и судии во нашата земја. Ова е огромен чекор за македонскота федерација за дигање тегови и се надеваме дека сме на пат за конечно популаризирање на овој спорт во Македонија” – изјави претседателката на МФДТ, Ирена Митровска.

 

Се вчитува...