„Дијамантот“ блесна: Елмас со супер-гол на дебито за Торино

Елиф Елмас конечно доби шанса да ги покаже своите квалитети и македонскиот репрезентативец eкспресно блесна во дресот на новиот клуб Торино.

Тој почна од клупата за резерви на дуелот против Болоња, „дијамантот“ влезе во 62. минута, а само три минути подоцна го покажа раскошниот талент со велемајсторски погодок.

Елиф најпрвин маестрално се ослободи од својот чувар во шеснаесетникот, по што во манир на голем стрелец го матираше голманот на Болоња.

Се вчитува...