Един Џеко има турболентна сезона во Рома, и најверојатно нема да остане и следната сезона во главниот град на Италија, но и покрај сите проблеми репрезентативецот на Босна и Херцеговина е на врвот на својата професионалност.
Напаѓачот на „џалоросите“ и оваа сезона го предводи својот тим, а беше и еден од најзаслужните за тоа што Рома избори место во полуфиналето на Лига Европа. „Дијаматот“ стрелаше за Рома во реванш дуелот на „Олимпико“ против Ајакс (1-1), а со тоа се запиша и во историјата на италијанскиот фудбал.
Имено, Един Џеко постана еден од четирите играчи кои успеале да постигнат најмалку 30 гола за еден тим во Лигата на Шампионите и Лига Европа, заедно со Алесандро Дел Пјеро, кој има постигнато 46 гола за Јувентус, Филипо Инзаги (36 гола за Милан), како и легендата на „росонерите“, Андриј Шевченко кој има три гола помалку.
30 – Edin Dzeko (30 for AS Roma) is one of the only four players able to score 30+ goals for a single Italian club among #UCL/European Cup and #UEL/UEFA Cup, level with Del Piero (46 for Juventus), Inzaghi (36 for AC Milan) and Shevchenko (33 for AC Milan). Hammer.#RomaAjax pic.twitter.com/JrytADwstR
— OptaPaolo (@OptaPaolo) April 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА