Елиф Елмас го постигна својот четврти гол сезонава во Калчо-лигата, зголемувајќи на 0-2 за Наполи на гостувањето против Сампдорија.
Тоа беше втор пенал за „наполитанците“ откако првиот го промаши Политано, а беше досуден по една акција во која учествуваше Елмас, а Виеира играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Македонскиот „дијамант“ ја презеде одговорноста, изведувајќи го својот прв пенал на официјален меч откако е член на Наполи и беспрекорно биеше под гредата, за печат на новиот триумф на својот тим.
Пеналот на Елмас можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА