Дијаз си договори трансфер во Баерн Минхен, но…

Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз настојува да замине од Ливерпул ова лето и покрај желбата на клубот да го задржи и за престојните предизивци.

Дваесетиосумгодишникот е желба на Барселона и Баерн Минхен, а се чини дека германскиот тим е поверојатната опција за нов предизвик во кариерата бидејќи според германските медиуми веќе постигнал договор за личните услови со „баварците“.

Реализацијата на трансферот сепак останува под знак прашалник бидејќи Ливерпул нема намера да го продаде фудбалерот кој минатата сезона настапи на 50 натпревари во сите конкуренции забележувајќи 17 голови и осум асистенции.

Се вчитува...