Дијаз стрелаше за само 15 секунди, Баерн без проблеми против Ајнтрахт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа и до шестата победа во исто толку натпревари од новата сезона во германската Бундеслига откако вечерва славеа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 0-3.

Водство за гостите од 0-1 донесе Луис Дијаз уште во 15 секунда од натпреварот. Домаќините израмнија на 1-1 преку Бахоја во 14. минута, но по проверка со ВАР поради играње со рака голот беше поништен. На 0-2 зголеми Хари Кејн во 27. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Луис Дијаз кој со својот втор гол ја запечати победата на Баварците.

Eintracht Frankfurt 0 – [2] Bayern Munich – Harry Kane 27'
byu/derawon insoccer

 

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...