Дик Адвокат од семејни причини поднесе оставка од селектор на Курасао и ја заврши кариерата

Легендарниот холандски тренер Дик Адвокат, ја напушти селекцијата на Курасао, и ја заврши својата тренерска кариера. 78-годишниот тренер објави дека поднесува оставка од селекцијата која се пласираше на Мундијалот, поради семејни причини, односно поради здравствените проблеми на неговата ќерка.

Оваа информација ја објави неговиот помошник Кор Пот.

„Дали ќе се вратиме на работа во иднина? Да бидеме реални, ова беше нашата последна работа“, рече Пот.

Адвокат е селектор на Курасао од 2024 година, а под негово водство успеа за првпат да се пласира на Мундијалот во 2026 година, и во групната фаза ќе играат со Германија, Еквадор и Брегот на слоновата коска.

Холанѓанецот во минатото беше селектор и на Русија, Холандија, Јужна Кореја, ОАЕ, Белгија и на Ирак, а во својата кариера ги водеше Феенорд, Утрехт, Спарта Ротердам, Фенербахче, Аз Алкмар, Зенит, Глазгов Реџнерс, ПСВ…

Се вчитува...