Дик Адвокат си најде нов ангажман: Нов тренер на Утрехт

Поранешниот холандски селектор, Дик Адвокат откако на почетокот од летово си замина од клупата на Спарта Ротердам си пронајде нов тренерски ангажман.

Не чекаше долго, па искусниот Адвокат е именуван за нов тренер на Утрехт. Како што и официјално информираше Утрехт веќе се е договорено со Адвокат кој треба да го врати духот во клубот по лошиот старт на сезоната.

На Адвокат во Утрехт ќе му помага српскиот тренер Жељко Петровиќ со кого соработуваше и во времето додека ја водеше репрезентацијата на Србија.

Во досегашната тренерска кариера Дик Адвокат, меѓу останатите, ги водеше Фенербахче, ПСВ, Сандерленд, Зенит како и репрезентациите на Холандија, Русија и Србија.

Се вчитува...