Познатата италијанска новинарка Дилета Леота денеска објави дека со своето момче фудбалерот Лорис Кариус, очекуваат дете. Леота, која важи за една од најубавите спортски новинарки во светот, неколку месеци е во врска со поранешниот голман на Ливерпул, иако живеат во различни земји тие многу време минуваа заедно, а како што обелодени Дилета, семејството од двајца ќе се прошири за уште еден член.
„Мораме да ви кажеме една работа. Ќе експлодираме од среќа, ние и мојот стомак. Наскоро ќе бидеме тројца“, објави Дилета на својот инстаграм профил со видео на кое е заедно со Кариус.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА