Интер не успеа да ја освои титулата во Лигата на Шампиони. „Нероаѕурите“ во финалето се сретнаа со Манчестер Сити, а и покрај тоа што беа рамноправен противник, имаа и сто отстотни шанси за гол, на крајот пресуди погодокот на Родри во 68. минута за пораз од 1-0.
Еден од оние кои имаше шанса да ја затресе мрежата беше Фредерико Димарко чиј обид сепак беше спречен од Ромелу Лукаку. Италијанецот по натпреварот изјави дека жали за пропуштената шанса, но е горд на тимот кој даде се од себе против фаворизираниот противник.
„Разочарани ссмсе бидејќи бевме изедначени со Сити. Тажни сме бидејќи го загубивме најважниот натпревар на сезоната. Сити е екипа која е створена да ја освои Лигата на Шампиони, а ние игравме изедначено со нив. Топката не сакаше да влезе во голот, а да постигневме гол ќе променеше се. Горд сум на екипата, дадовме 120 отсто.
Со оглед на тоа што го прикажавме мислам дека ова може да биде појдовна точка од која ќе го градиме тимот. Ова не е крајот на Интер“, вели Димарко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

