Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Диме Димитриоски, уште една сезона останува во дресот на шпански Атлетико Ваљадолид, откако денеска го официјализираше продолжување на договорот до јуни 2025 година.
25-годишниот Димитриоски, кој игра на позицијата лево крило, втора сезона го носи дресот на шпанскиот прволигаш за кој досега постигна 77 гола на 39 средби во националниот шампионат. Во Ваљадолид пристигна на барање на поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро, кој сега е предводник на тимот на Атлетико.
Димитриоски претходно во својата кариера настапуваше за Металург, Вардар и Пелистер. За јуниорската селекција на Македонија настапи на Светското првенство во 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА