Македонскиот фудбалски интернационалец Диме Димов се реши за нов предизвик во кариерата, потпишувајќи догово со екипата на Персебаја.
Станува збор за тим од Индонезија кој се натпреварува во елитното друштво во оваа азиска државa и моментно се наоѓа на второто место на прволигашката табела. Поранешниот капитен на Академија Пандев минатата сезона ја мина во дресот на Локомотив Софија, по што се реши за поинаков предизвик во кариерата.
„Персебаја продолжува да се засилува со нови имиња за вториот дел од сезоната. Еден од големите чекори кои ги направивме е потписот на Диме Димов, искусниот централец дефанзивец од Македонија. Управата на клубот е убедена дека присуството на Димов ќе има позитивно влијание врз настапите на нашата одбранбена линија. Со своето искуство и со квалитетите, се очекува тој да биде добар тандем со Славко Дамјановиќ“, се вели во соопштението на новиот клуб на македонскиот дефанзивец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА