Капитенот на Академија Пандев, Диме Димов заминува од редовите на струмичкиот прволигаш продолжувајќи ја кариерата во шампионатот на Малдиви.
28-годишниот дефанзивец и официјално се договори за трансфер во редовите на шампионот на Малдиви, ФЦ Мазија каде ќе ја продолжи кариерата. На почетокот од следната недела се очекува официјалната промоција во редовите на Мазија.
Диме Димов нема да биде првиот Македонец кој настапувал во овој клуб. Во 2014 година дресот на Мазија го носеше и поранешниот македонски репрезентативец и фудбалер на Вардар, Ристе Наумов. А во периодот од 2017 до 2019 година тренер на клубот беше и Марјан Секуловски.
Димов, кој веќе шест сезони е дел од Академија Пандев, претходно во својата кариера има настапи и за Металург, Кожуф, Гостивар и Хоризонт Турново. Трансферот во Малдиви ќе биде прв интернационален за него во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА