Димевски го пречека новото раководство на Бугарскиот Олимписки комитет

Денес во посета на МОК беше новоизбраната претседателка на Бугарскиот Олимписки комитет, г-ѓата Весела Лечева.

На првата меѓусебна средба со претседателот Димевски, во една пријателска атмосфера се разговараше за идната соработка меѓу двата комитети, учествотото на бугарската делегација на претстојниот младински фестивал во Скопје и запознавање со спортските и сместувачки капацитети. Шефот на делегацијата Володја Златев придружуван од Генералниот секретар Данаил Димов искажаа видливо задоволство од условите што ќе ги имаат младите спортисти.

Инаку игрите започнуваат за еден месец, а Скопје и Македонија се подготвуваат со полна пареа. Ќе бидеме домаќини на повеќе од 4000 спортисти на најголемиот спортски настан оддржан во Македонија.

Се вчитува...